Вчера четири пожари во Куманово и два во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Четри пожари вчера имало на територијата на Општина Куманово, додека два биле на територијата на општина Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била во населбата Перо Чичо кај месноста Пармакови ниви. Таму горела сува трева, а интервенирале двајца пожарникари во период од 12:20 до 13:00 часот.

Сува трева горела и во месноста Стари лозја. Таму во период од 17:55 до 18:35 часот интервенирале двајца пожарникари.

И третата интервенција била на запалена сува трева, иако РЦУК испуштиле да наведат каде.

Над воените магацини во село проевце била запалена сува трева. на Терен интервенирале двајца пожарникари од 19:55 до 20:50 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат од негов роднина

Во Општина Старо Нагоричане исто така горела сува трева и во двата регистрирани пожари.

Првата интервенција на тамошните пожарникари била во атарот на селото Облавце каде во период од 15:10 до 17:45 часот интервенирале двајца пожарникари и еден трактор од мештаните.

Сува трева горела и во селото Стрновац, каде двајца пожарникари интервенирале од 16:40 до 18:20 часот.

Loading...

Никола Ивановски