Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји синоќа објави дека е во самоизолација откако дозна дека еден член однеговиот тим епозитивен на Ковид-19.
Вархеји на Твитер објави дека тој и членовите на неговиот тим чекаат резултати од тестирњето и оти во согласност со препораките за јавно здравје се во самоизолација.
– Добро се чувствувам, немам симптоми, се тестирав и претходните недели и моите тестови беа негативни. Останете безбедни, напиша Вархеји.
Еврокомесарот Вархеји минатата недела беше во официјални посети на Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора каде го претставуваше извештајот на Европска комисија за Западен Балкан.
Марина Илиевска