Руските воени авиони веќе неколку дена по ред спроведуваат воздушни напади во Сирија и ги бомбардираат главните упоришта на Исламската држава, соопштуваат од сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, откако во медиумите излезе извештај кој наведува дека Москва ги напаѓа положбите на сириските бунтовници.
Во теокт на неколку руски напади на позициите на Исламската држава, западно од градот Рака во текот на ноќта во тој град одекнувале силни експлозии – вели Абдел Рахман, директор на Опсерваторијата за човекови права.
Рака од 2013 година е „престолнина“ на ИСИС. Во руските воздушни напади во оваа провинција биле убиени 12 џихадисти соопштуваат од организацијата, откако Москва доби оптужби од Вашингтон дека наводно ги таргетира позициите на бунтовниците, односно противниците на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Русија пред неколку дена отпочна голема воена операција против ИСИС во Сирија, а руското Министерство за одбрана соошти дека цели на нападите се воена опрема, комуникации и складишта со оружје, муниција и гориво на терористите.
Како што вели секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, главна задача на руското воздухопловство во Сирија е борба против тероризмот и подршка на легитимните сириски власти во антитерористичките напади.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјавил дека руските воздухопловни сили во текот на 24 часа извршиле 18 воздушни напади врз полошбите на ИСИС во северозападниот и западниот дел од Сирија шти што се уништени команден центар и камп за обука на оваа екстремистичка организација.
Претседателот на САД, Барак Обама предупреди дека руската агресивна воена кампања за подршка на Башар ал Асад е „рецепт за катастрофа“, додавајќи дека Москва не прави разлика измеѓу силите на ИСИС и умерената опозиција во Сирија која сака Асад да замине од власт.
Коалицијата на земјите предводени од Америка ги бомбардираат позициите на ИСИС веќе од септември минатата година, а организацијата не престана да ги проширува своите територии.