Узбекистан осуди 10 лица за обид за убиство на прес секретарот на поранешниот претседател

Сподели со своите пријатели

Воениот суд во Узбекистан осуди 10 обвинети на долги затворски казни за обидот за убиство на поранешниот прес-секретар на претседателот, Комил Аламјонов, соопшти денеска прес-службата на Врховниот суд на земјата.

Loading...

Во соопштението се наведуваат само петмина од 10-те обвинети, кои се осудени на затворски казни од седум до 23 години, објави Ројтерс.

Меѓу осудените има и висок офицер за безбедност и висок функционер во Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението не се наведува зошто Аламионов бил цел на нападот, ниту кој стои зад заговорот, пренесува Танјуг.

Неколку недели пред обидот за атентат, Аламјонов, кој е тесно поврзан со претседателското семејство, објави дека ја напушта функцијата за да се занимава со бизнис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија: Се судрија брз воз и камион, неколку мртви

Актуелниот претседател на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, го смени долгогодишниот претседател Ислам Каримов откако тој почина во 2016 година и се позиционираше како реформатор, отворајќи ја економијата кон надворешниот свет и олеснувајќи ги некои од строгите политички контроли на неговиот претходник.