Утре „Суџуклијада“ во Куманово: Целодневна забава во Касапски круг за „11 Октомври“

Сподели со своите пријатели

За прв пат годинава се организира манифестацијата „Суџуклијада“,како начин за промоција на најпознатиот кумановски бренд.Замислена е како целодневна забава во популарниот Касапски круг,која ќе започне во 15 часот и ќе трае до крајот на работното време на угостителите.

Loading...

Организатор е Здружението на угостители Бисер од „Куманово“,а ќе учествуваат четири компании од месопреработувачката индустрија од градот.

 

 

„Како за прв пат своите производи-суџук и колбасите ќе ги претстават 4 винарии и 2плакети за Дејан Гроздановски(Гроздановски ДООЕЛ)и Тони Вучковски-мечка (Никси ДООЕЛ) Куманово. Останатите колеги ни даваат целосна поддршка,со ветување дека од следната година ќе се приклучат,но сега од техничко-организациони причини нема да се претстават на манифестацијата“истакна Тони Димитриевски,претседател на здружението Бисер и сопственик на брендот Корнер Баба Цана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига

Масите и столовите ќе бидат тргнати,ќе има место за стоење на високи,барски масички за да се направи простор за повеќе посетители.На лице место ќе се печат производите на различни производители,за да може да се дегустира и оцени нивниот вкус и квалитет.

Ексклузивно ќе се служат само вина од три винарии кои работат на територијата на Општина Куманово.

Loading...

 

 

„Секако ќе се служат и безалкохолни пијалоци и пиво од познат македонски бренд,но сакаме да направиме промоција и на производителите на вино од нашиот крај.Така на лице место ќе покажеме дека покрај извонредниот и единствениот суџук,можеме како град да понудиме и врвни вина“појаснува Тони-Шеик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига

Настанот започнува во 15 часот,но официјалното отворање на програмата е во 19 часот кога постхумно ќе биде доделена благодарница на прерано починатиот Дејан Гроздановски,на член од неговото семејство.Потоа започнува музичко-забавната програма со настап на тамбурашкиот оркестар Гезме,групата Солуш,за на крај како круна на вечерта да настапат Бени и Нон-стоп.

Угостителските објекти во Касапскиот круг се познати по добрата забава,вкусната храна и извонредната публика па организаторите не се сомневаат дека ќе дојдат посетители,не само од градот туку и пошироко.

„Често имаме гости од Врање,Скопје,Кратово,Крива Паланка и пошироко,па не се сомневаме дека и сега нема да биде таков случај.Причина повеќе е и празничниот ден,па ова е прикладен начин да се прослави големиот македонски празник-11 Октомври“потенцира Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига

 

Loading...

 

Манифестацијата „Суџуклијада“ ќе има и хуманитарен карактер-на повеќе места ќе бидат поставени кутии за донација на парични средства наменети за санација на просториите на „Центарот за индивидуална работа со деца со попреченост-Инклузива“.

Здружението на угостители Бисер од „Куманово“ и компаниите од месопреработувачката индустрија ги покануваат сите заинтересирани на вкусен,препознатлив кумановски суџук,питко вино и извонредна забава.

Всушност дентта сите ќе бидат таму „да видат и да бидат видени“.