Утре пад на температурите за 10 степени

Сподели со своите пријатели

И денеска во попладневните часови ќе има појава на локална н естабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а има и услови за појава на ситен град, особено во северните и источните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вечерните часови ќе започне да се спушта постудена воздушна маса пропратена со фронтален систем. Ќе започне да дува засилен севере н ветер со брзина над 60 км/час што ќе продолжи и во сабота, при што ќе предизвика пад на температурата за околу 10 степени. Преку денот и во недела ќе има повремен локален дожд.

Од понеделник и во наредните два дена ќе бидеме и под влијани е на циклонска активност која ќе услови облачно и посвежо време со пообилни в рнежи од дожд (на места се очекува над 50 л/м2 воден талог). Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се дви жат во интервал од 16 до 24 степени..

Leave a Reply