Успехот и падот на најголемиот патнички авион во светот

Сподели со своите пријатели

Кога првиот прототип „Ербас А380“ полетал од пистата на компанијата во Тулуз во 2005 година, фирмата и нејзините инжинери го прославиле успехот на амбициозниот проект кој требал засекогаш да го промени патничкиот воздушен сообраќај. Деновиве, ниту 15 години подоцна, Ербас одлучи да стави крај на производството и да се откаже од авионот кој се покажа како целосно неприкладен за денешните потреби.

Loading...

Кога Ербас започна да го планира својот најамбициозен проект во историјата, воздушниот сообраќај изгледал значително поинаку. Меѓународните и интерконтиненталнителетови се одвивале измеѓу најголемите јазли, во големи авиони како џамбо џет – „Боинг 747“. Ако некој сакал на пример да лет аод Вашингтон во Лондон, првин би летал во Њујорк со локален лет за да се качи на џамбо џетот.

На два ката

Бидејќи Боинг немал конкуренција, Ербас се одважил на проектот „суперџамбо џет“ поголем од 747 кој би понудил помалку трошоци по патник.

Развојот на новиот авион со „ултраголем капацитет“ (UHCA) започнал кон средината на 1988 година. Целта била да се преземат сите елементи кои џамбо џетот го претвориле во икона на модерното воздухопловство и го направиле поголем и подобар. Ербас во 1990 година нарачал предлози за нацрт на авионот од четири дизајнерски тима – шпански, француски, биртански и германски – кои на управата и се претставени две години подоцна.

Веќе следната година Ербас на Боинг понудил заеднички да тргнат во производство, но аналитичарите на американските фирми стравувале дека таков производ никогаш нема да успее да ги исплати трошоците за развој проценети на 15 милијарди долари.

Ербас со развојот продолжил самостојно, па дизајнот го усовршувал во 90те години со цел создавање авион во кој трошоците би биле 15 до 20 отсто пониски по патник од трошоците на „Боинг 747-400“. Дизајнерите постигнале консензус во формата на трупот – со два ката и два премини помеѓу седиштата.

Производството на прототипот официјално било започнало во 2000 година откако добиле 50 нарачки. Првиот полетал пет години подоцна, а првиот комерцијален модел е испорачан на купувачите 2007ма – компанијата „Сингапур Ерлајнс“.

Loading...

Авион нарачале и други големи компании како „Кореан Ер“, „Луфтханза“, „Кантас“, „Бритиш Ерлајнс“, „Ер Франс“, „Малезија Ерлајнс“, „Таи Ерлајнс“, „Катар Ервејс“, „Ејжан Ерлајн“, „Чајна Саутерн“ и „Етихад“, но најверен купувач биле „Емиратес“ кој е одговорен за повеќе од половина на сите примени порачки – 163 од вкупно 313.

Луксуз во воздухот

Ербас А380 е најголемиот патнички авион во светот, кој на патниците им нудел и опција за престижен луксуз. Бројни верзии кои биле понудени на авиопревозниците имале од 525 седишта во конфигурација со три реда до 853 седишта во конфигурација во која целиот авион е економски.

„Катар“, „Емиратес“ и други нудиле и луксузни посебности на своите летови – од теретани, барови, продавници, салони з аубавина, соби за состаноци, ресторани и апартмани со кинг сајз кревети до приватни бањи. А380 нудел се – од масивен превоз на патници кои го пројат секој денар до најлуксузен превоз за директори на мегакорпорации и кралски семејства.

Сите кои летале во А380, дури и економска класа, истакнуваат дека се работи за најудобнот искуство – а на тоа „Ербас“ особено таргетирал. Целиот авион се држи под поголем приритоск од вообичаеното, дури и на крстаречка височина. Во споредба со „Боинг 747-400“, А380 има 50 отсто помала бучава во кабината, поголеми прозорци, повеќе простор за рачен багаж, 60 сантиметри повисок простор над главата, а дури и седиштат во економската класа биле четири сантиметри пошироки.

Поради неговата величините морале да се приалгодуваат и на аеродромите и пистите. Воведена е 80-метарска „кутија“ за прситигнување на авионот. Морала да се менува и поместува сигнализацијата на слетување и и полетување на стазите за да А390 не ги руши со крилјата. За слетување на единствениот суперџамбо џетсет во светот аеродромите морале да набавуваат возила и дигалки кои можат да го достигнат горниот кат на авионот. Изработувале и посебни процедури за прифаќање до 800 патници одеднаш.

Loading...

Се во врска со А380 било најголемо, најквалитетно и најдобро, а тоа ја одржувала и цената од околу 390 милиони евра по парче, што е доволно за изработка на еден голем мост. Цената на целокупниот развој на авионот се проценува на околу 24 милијарди долари.

А380 бил и голем политички проект – идејата за производство на локации ширум Европа не била само економска туку требало да претставува обединета Европа. Ербасовиот „Небесен див“ требало да биде пример за најдоброто што Европа може да го произведе.

Од почетокот осуден на пропаст

Но, проектот практично бил осуден на пропаст и пред првит енацрти да бидат готови. Во 1988 година, кога Ербас започнал да го разгледува ова, американската Сојузна управа за цивилно воздухопловдство одлучила дека и авионите со само два мотори се доволно безбедни за прекуокеанските летови и започнала да дели сертификати.

Растот на цената на горивата, кој пресудил и на „Конкорд“, ги променил моделите за работа на авионските компании, па главната карактеристика на авионот станала потрошувачката по патник, во која предничел „787 дримлајнер“ на Боинг. Едноставно, авионите со помалку мотори трошат и помалку гориво, па дури и оргиналниот џамбо џет 747, започнал значително да губи на популарноста.

Фирмите биле приморани да го променат начинот на работење, па наместо големи авиони помеѓу големи јазли започнале да воведуваат се повеќе директни летови со средни и мали авиони – намалувајќи ги општите трошоци за патување, затоа што патниците не морале да преседнуваат. Нсреќниот А380, иако по многу карактеристики бил најимпресивниот патнички авион кој некогаш се креват во небото, едноставно не можел да ги задоволи економските потреби на денешницата.

Loading...

Производство до 2021 година

Многу аналитичари забележале дека истовремено е пред и зад своето време. Од една страна задоцнил да ја искористи побарувачката за големи авиони кои некогаш летале меѓу јазлите, а од друга страна стигнал прерано за да одговори на проблемот кој експертите го предвидувале во следните две децении – задушување на воздушните пристаништа со претеран број летови.

А380 така станал атрактивен за неколу најголеми компании кои директно поврзуваат најголеми светски метрополи и компании како “Емиратес“ која денес се потпира на поврзува на своите централи во Дубаи со најголемите светски јазли.

За голем дел од останатите авиокомпании многу попривлечни биле алтернативните еднокатни и двемоторни авиони како „Боинг 777“ или „Ербас А350“. Овој вториот конечно доби пресуда, затоа што „Емиратес“ одлучи да ја замени последната нарачка од 39 авиони со порачка на нови А350 и А330 нео авиони. Станувало збор за порачка на која Ербас сметал дека би го задржал производството уште барем десет години. По откажувањето, веќе истиот ден, Ебас објави дека се откажува од понатамошното производство. Последниот примерок фабриката ќе ја напушти во 2021 година, а преговорите за 3.000 работни места кои ќе останат вишок допрва ќе следуваат.

Leave a Reply