Услов на Турција за НАТО: Финска да престане да ги штити терористите

Сподели со своите пријатели

Турција го повтори своето барање до Финска да престане да ги штити организациите кои Анкара ги смета за терористички, доколку сака да влезе во НАТО.

Loading...

„Проблемот не е во тоа што Финска не сака да ја разбере Турција. Финска одбива сериозно да ги сфати безбедносните грижи на Турција“, изјави портпаролот на турскиот претседател Фахретин Алтун за најголемиот фински дневен весник Хелсингин Саномат.

 

Британското разузнавање објави нов извештај: „Русија постигна поголем напредок“

 

Турција се противи на барањето на Финска и Шведска да се приклучат на Северноатлантската алијанса, велејќи дека двете земји обезбедуваат засолниште за луѓето поврзани со милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК) и другите што ги сметаат за терористи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Анкара е вознемирена и што двете земји го забранија извозот на оружје во Турција во 2019 година, потсетува Ројтерс.

 

Loading...

Скокнаа цените на нафтата по ембаргото на ЕУ кон Русија

 

„На крајот, финската влада мора да одлучи што е поважно – да влезе во НАТО или да  заштити таков вид на организација“, рече Алтун.