Управител на фирма ќе одговара за измама на доверител

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.П. (39) од Куманово, поранешен управител на ДПТУ „Милан Милк“ ДООЕЛ-Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или повластување на доверители“.

Loading...

Пријавената, иако знаела дека нејзиното правно лице било со блокирана жиросметка од страна на УЈП, склучила договор за закуп на деловен простор со К.Д. во кој договор не исплатила 1.440 евра.

На 19.11.2014 година, пријавената поднела предлог за отварање стечајна постапка на правното лице за која К.Д. не бил известен за истата, и не поднел побарување со што бил оштетен за вкупен износ 1.440 евра.

По ова, истиот отпочнал извршна постапка, при што дознал дека правното лице „Милан Милк“ е ликвидирано и избришано од Централниот регистар.