На едно градилиште во малезискиот град Паја Терубонгу уловен е огромен питон кој најверојатно ќе ја презеде титулата за најдолга змија некогаш уловена.
Се работи за мрежестиот питон, долг околу осум метри чиј вид живее на подрачјето на Југоисточна Азија и се смета за најдолга змија на светот.
Loading...
Питонот го забележале работниците па веднаш ги повикале надлежните служби да го фатат. На лице место дошла Малезијска цивилна служба чии работници ја уловиле змијата по половиначасовно сложување на замката.
Припадниот на службата Херме Херсиам, кој го фоторафирал уловениот питон, за „Гардијан“ рекол дека питонот е долг осум метри и тежок околу 250 килограми.