Украински пратеник го номинираше Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир

Сподели со своите пријатели

Украинскиот пратеник Александар Мережко, член на партијата „Слуги на народот“ и претседател на парламентарната комисија за надворешна политика, го предложи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир во 2025 година.

Loading...

Мережко објасни дека, според правилата на Комитетот за Нобеловата награда, пратеници од различни земји можат да предложат кандидати за наградата, посочува порталот „Суспилне“.

Тој посочи дека Трамп ја заслужува Нобеловата награда за неговата дипломатска улога и потсети дека за време на неговиот прв мандат, САД обезбедувале воена помош за Украина.

Мережко додаде дека Трамп имал клучна улога во зајакнувањето на меѓународната коалиција против Русија и блокирањето на проектот за гасоводот Северен тек 2.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Во текот на ноќта над руска територија соборени 22 украински дрона

Според него, номинацијата на Трамп е можност да се изрази надежта дека неговиот иден мандат ќе се заснова на меѓународното право и принципите на ОН, а особено на „украинската мировна формула“ која може да помогне да се стави крај на војната.

Номинацијата на Трамп за Нобеловата награда за мир претходно ја поддржа и претставничката на Републиканската партија, Клаудија Тени, осврнувајќи се на „историската улога“ на Трамп во мирот на Блискиот Исток.

Трамп постојано изјави дека би можел да ја заврши војната во Украина во рок од 24 часа доколку стане претседател, а за време на своите говори го критикуваше актуелниот американски претседател Џозеф Бајден за, како што рече, неговата неспособност да преговара со Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку е далеку светот од нуклеарна војна?

Сепак, тој не прецизираше конкретни чекори што ќе ги преземе за да се стави крај на конфликтот.

Loading...