Украинската војска денеска соопшти дека заробила 27 руски војници во руската област Курск, чиј мал дел е под контрола на силите на Киев од август 2024 година.
Loading...
„Во последните денови 27 непријателски војници беа заробени за време на борбите во руската област Курск“, се вели во соопштението на украинската војска на Фејсбук.
Армијата објави и видео на кое заробените војници го откриваат својот идентитет.