Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров утре ќе се сретне со американскиот министер за одбрана Лојд Остин.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак ќе се сретне и со член на американската влада, но се уште не е јасно со кого.
За време на тие состаноци, двајца високи украински функционери ќе ѝ предадат на администрацијата на Бајден список со цели во Русија и ќе се обидат да ги убедат САД да ги укинат ограничувањата за употреба на американско оружје против Москва, потврди украинскиот претставник кој сакаше да остане анонимен.
За време на претходните посети на Вашингтон, Јермак се сретна со државниот секретар Ентони Блинкен и со советникот за национална безбедност Џејк Саливан, блиски соработници на американскиот претседател Џо Бајден.
„Ќе дадат список со конкретни цели“
„Јермак и Умеров ќе се сретнат со американски претставници со цел конкретно да се обидат да ја убедат Белата куќа да ги укине ограничувањата за удари со оружје со долг дострел на руска територија“, рече украинскиот претставник.
„Тие ќе дадат листа на приоритетни цели, без кои ќе биде тешко да се промени текот на војната во корист на Украина“, додаде тој.