Украинците бесни: Контроверзниот документарен филм „Русите во војна“ сепак ќе се прикажува

Сподели со своите пријатели

Контроверзниот документарен филм „Русите во војна“, кој беше повлечен од програмата на Филмскиот фестивал во Торонто (ТИФФ) поради закани, сепак ќе биде прикажан денеска и покрај новите протести.

Loading...

Фестивалот заврши во неделата вечерта, но денеска се закажани две проекции на контроверзниот филм во ТИФФ Лајтбокс, културниот центар на градот, соопшти ТИФФ, пренесува ХИНА.

Откако беше прикажан во Венецијанската Мостра, овој филм на руско-канадски режисер, кој им дава глас на руските војници, го навлече гневот на украинските културни и политички кругови кои го гледаат како „руска пропаганда“.

Минатата недела, фестивалот во Торонто го повлече филмот што требаше да ја има својата северноамериканска премиера, што е „одлука без преседан“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Не е исклучена можноста за напад врз воените бази на НАТО

Но, организаторите ветија дека ќе го прикажат филмот „кога е безбедно“.

„Упорноста на TIFF да служи како платформа за споделување руска пропаганда е незамислива. И покрај сите повици да престане да се оправдуваат руските убијци и силувачи, тие сепак сакаат да го прикажат овој документарен филм под покривот на фестивалот“, ја осуди украинската амбасадорка во Канада, Јулија Ковалив.

„Го повикуваме одборот на ТИФФ да интервенира“, додаде таа.

За овој документарен филм, режисерката Анастасија Трофимова помина неколку месеци во руска единица на украинскиот фронт, собирајќи ги сведоштвата на војниците од кои го снимила филмот.

Loading...

Таа рече дека нејзиниот филм е „антивоен документарец“ кој прикажува „обични луѓе“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите губат медицински персонал, многу лекари гинат