Украинските власти денеска ја презедоа одговорноста за нападот со беспилотно летало врз рафинеријата во југозападна Русија, каде што руската војска претходно денеска соопшти дека уништила 80 украински беспилотни летала во текот на ноќта при напад на неколку руски области.
Извор близок до украинската одбрана објави дека цел на неколку беспилотни летала била рафинеријата во Туапсе, град на брегот на Црното Море во руската област Краснодар, каде што избувнал пожарот.
„Се разјаснуваат размерите на штетата“, додаваат истите извори, наведувајќи дека се работи за рафинерија на рускиот гигант Роснефт опремена со пристанишен терминал и дека околу 90 отсто од неговото производство е наменето за извоз.
Руските регионални власти на Телеграм објавија дека пожарот во рафинеријата бил предизвикан од напад со дрон.
„Киевскиот режим уште еднаш се обиде да ја нападне цивилната инфраструктура во Туапсе со беспилотни летала“, соопштија руските власти, додавајќи дека на местото на несреќата се испратени 100 пожарникари.
Според првичните информации нема повредени.