Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за конфискација на имотот на Русија и руските граѓани во Украина, соопшти денеска украинскиот парламент.
Според соопштението, законот, усвоен од Врховната Рада на Украина, ја дефинира правната основа за одземање на правата на сопственост, врз основа на социјалните потреби, пренесува ТАСС.
Како што се додава, мотив за конфискација може да бидат и воени интереси.

