Украина ги напаѓа енергетските капацитети со дронови, Русите ги прекинаа летовите на аеродромите

Сподели со своите пријатели

Војната меѓу Русија и Украина не стивнува, а според последните вести кои доаѓаат од фронтот, Украинците синоќа со дронови ги нападнале објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград.

Loading...

Русите тврдат дека пресретнале и уништиле 70 дронови и дека целта на украинската војска била енергетската инфраструктура.

„Пожар избувна откако се урна дрон, но нема жртви“, напиша гувернерот на Астраханската област Игор Бабушкин.

Наводно се работи за напад на фабрика за преработка на гас.

Треба да се додаде дека руската Федерална агенција за воздушен транспорт привремено ги прекина летовите на аеродромите во Астрахан, Казан, Нижнекамск, Саратов, Уљановск, Владикавказ, Грозни и Махачкала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во луксузен станбен комплекс во Москва: Убиен регрутерот на Путин (ВИДЕО)

Експлозии беа забележани и во нафтена рафинерија на аеродромот Волгоград, а градот остана без струја.

 

Loading...