УХМР со најава за засилен ветер, заладување и повремен дожд и снег

Loading...
Сподели со своите пријатели

Утре поради спуштање на постудена воздушна маса времето ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер (над 60 км/час).

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во попладневните часови, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Дневната температура во сабота ќе опадне и ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!