УХМР: Најавениот северен ветер ќе ја одвее густата магла

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите на УХМР, денес по котлините и речните долини ќе се задржи магливо време со ниска облачност и релативно ниски температури.

Loading...

Во четврток и петок ќе има зголемување на облачноста и ќе дува умерен северен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за појава на магла по котлините. За време на викендот ќе преовладува сончево и малку потопло време со мала до умерена облачност.

Дневните температури ќе се движат од -3 до 3, додека максималните дневни температури ќе се движат од четири до девет степени. Максималната дневна температура во сабота ќе се искачи до дванаесеттиот степен.