Уганда: Епидемијата на ебола не излегува од контрола

Сподели со своите пријатели

Епидемијата на ебола во Уганда не излегува од контрола и покрај зголемениот број регистрирани случаи на зараза, соопштија денеска претставници на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести.

Loading...

„Епидемијата на ебола во Уганда не излегува од контрола… ние сè уште ја контролираме“, рече вршителот на должноста директор на Центарот, Ахмед Огвел Оума.

Вирусот што циркулира во Уганда припаѓа на суданскиот вид ебола, за кој нема ефикасна вакцина, за разлика од заирскиот сој кој беше доминантен во неодамнешната епидемија во соседна Демократска Република Конго.

Министерот за здравство на Уганда вчера објави дека бројот на потврдени случаи на ебола се искачи на 109, а од оваа болест досега починаа 30 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанец починал на одмор во Куба. На семејството му испратиле погрешно тело

Таа додаде дека Владата отвора дополнителен центар за лекување.