Учесниците на самитот Г20 сакаат да го исфрлат Лавров од заедничката фотографија

Сподели со своите пријатели

Се претпоставува дека може да се укине традиционалното заедничко фотографирање на учесниците на самитот на Г20 за да се избегне фотографирањето на претставниците на земјите кои ја поддржуваат Украина со рускиот претставник.

Loading...

Меѓутоа, сега се бара модел кој ќе овозможи рускиот претставник Сергеј Лавров да биде исклучен од фотографијата, додека останатите учесници би ја продолжиле традицијата на заедничко фотографирање, дознава Политико.

Основниот аргумент за таквиот потег беше да се поштедат другите лидери од срамот да бидат фотографирани насмеани покрај Лавров.

Заедничката фотосесија со Лавров би била особено проблематична во случајот со доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се очекува да учествува на самитот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Индонезискиот претседател Џоко Видодо, кој е и домаќин на самитот, не беше задоволен од таквиот план.

Затоа, организаторите на самитот сега разговараат за идејата на заедничката фотографија да има само шефови на држави и влади.

Ова би го оневозможило рускиот министер за надворешни работи Лавров да биде на фотографијата.