Зетот на покојниот лидер на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Насрала, Хасан Џафар Касир, е убиен во средата во израелски воздушен напад врз резиденција во сирискиот главен град Дамаск, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.
Во соопштението се наведува дека израелскиот напад го погодил првиот кат од трикатната зграда што ја посетиле лидерите на Хезболах и иранската револуционерна гарда, при што загинале три лица, двајца либански државјани и еден Сириец, а најмалку четворица повредени се лица чиј идентитет останува непознат.
Сириското Министерство за одбрана соопшти дека тројца цивили се убиени, а тројца се повредени во нападот, што беше изведен од Голанската висорамнина окупирана од Израел, пренесе Ксинхуа.
Израелските сили го убиле Насрала во воздушен напад врз либанскиот главен град Бејрут на 27 септември.