Туск свика координативен состанок: Сомнежи дека руска ракета падна во Полска

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека за време на рускиот ракетен напад врз западна Украина, ракетата влегла во полскиот воздушен простор.

Туск изјави на мрежата X дека поради инцидентот свикал координативен тим со учество на министерот за одбрана и надлежните служби, кои со часови работат на терен и даваат информации за сите околности на настанот.

Според него, објектот што паднал на земјоделско земјиште во источна Полска во текот на ноќта најверојатно е руска ракета.

„Сè укажува на фактот дека станува збор за руска балистичка ракета H-101, но сакаме да бидеме апсолутно сигурни за видот на ракетата и кој ја лансирал“, рече Туск на вонредниот состанок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна украински Ф-16

Истрагата е во тек.