Турскиот извоз на Балканот годинава надмина 17 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Турскиот извоз на Балканот во првите десет месеци од годинава е зголемен за 21,8 отсто во однос на истиот период лани и достигна 17,29 милијарди долари.

Loading...

Најголем извоз е остварен во Романија (5,2 милијарди долари), додека најголем пораст во споредба со истиот период лани е забележан во Црна Гора.

Според податоците што ги собра новинарот на Анадолија од Собранието на турски извозници (ТИМ), за 10 месеци годинава во балканските земји се извезени 17 милијарди и 286 милиони долари, меѓу кои Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија годинава извезла околу 20 отсто повеќе гас во Европа

Во истиот период лани таа бројка беше на ниво од 14 милијарди и 188 милиони долари, па извозот на Балканот е зголемен за 21,8 отсто во однос на лани.

Водечки извоз на хемиски материјали и производи

Најголем извоз во тој период меѓу балканските земји е остварен во Романија (5,22 милијарди долари), потоа Бугарија (3,76 милијарди долари), Грција (2,38 милијарди долари), Србија (1,43 милијарди долари) и Словенија (1,36 милиони долари).

Извозот во другите земји во регионот беше помалку од една милијарда долари, Албанија (836,63 милиони долари), Босна и Херцеговина (602,47 милиони долари), Македонија (537,75 милиони долари), Косово (520,38 милиони долари), Хрватска (482,64 милиони долари) и Црна Гора ( 128,12 милиони долари).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на нафтата стигнаа до небо: Зад се стојат несогласувањата меѓу Американците и Кинезите

Секторот хемиски материјали и производи оствари најголем извоз на Балканот.

Во овој период, секторот хемиски материјали и производи извезе 3,12 милијарди долари во земјите од Балканот.

Loading...

По овој сектор следат челикот, автомобилската индустрија, црните и обоените метали, електричната енергија и електрониката.