Властите на Тунис најавија дека африканската земја ќе добие 100 милиони евра од Европската унија за помош на националниот буџет.
Loading...
„Парите ќе бидат искористени за ублажување на последиците од пандемијата на корона вирусот и поддршка на економијата“, се вели во соопштението на Министерството за економија и планирање на Тунис, пренесе Анадолија.
Новинската агенција ТАП објави дека договорот ќе биде потпишан денеска.
На почетокот на овој месец, северноафриканската земја постигна прелиминарен договор со Меѓународниот монетарен фонд за пакет помош од 1,9 милијарди долари што би можел да биде финализиран во декември.