Тромблонска моментна минавчера била пронајдена во двор на жител на селото Матејче, Општина Липково, информираат денес од Министерството за внатрешни работи.
Дворното место и куќата биле во сопственост на М.И. кој бил на привремена работа во Швајцарија, а случајот бил регистриран вчера околу 12:30 часот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Куманово, а од страна на пиротехничар мината била безбедно подигната.