Тројца планинари загинаа во Јута поради високите температури

Сподели со своите пријатели

Тројца планинари загинаа во текот на викендот во државата Јута и националните паркови, за кои постои сомневање дека се должат на екстремни горештини.

Loading...

Ќерката (23) и нејзиниот татко (52), Беатрис Херера и Албин Херера Еспиноза, испратиле порака до полицијата дека се изгубиле и останале без вода додека пешачеле по патеката Синклина Луп долга 13 километри во Националниот парк во Јута и на 38 степени целзиусови.

Според официјални лица од паркот, таа патека е една од најпредизвикувачките патеки во паркот, пренесува АП.

Спасувачките екипи почнале да трагаат по исчезнатите во петокот вечерта, но ги пронашле мртви и, според локалниот шериф, таткото и ќерката починале од топлотен удар.

Доцна во саботата, двајца планинари од државниот парк Сноу Кањон повикаа помош поради топлотна исцрпеност.

Додека лекувал двајца планинари, случаен минувач ги известил спасувачките екипи за едно лице кое се онесвестило во близина.

Службите за итна помош набрзо пронашле мртва 30-годишна жена и веруваат дека смртта била поради високите температури.

Тројца планинари загинаа минатиот месец во националниот парк Гранд Кањон во Аризона, каде температурите надминуваат 49 степени Целзиусови.

Loading...