Атлетичарите од Атлетски клуб ”Куманово” во состав Дрита Ислами, Матеја Ефремовска и Марјан Нојковски со тренерот Филип Колевски како дел од Атлетската Репрезентација на Македонија се наоѓаат на Европски игри БАКУ 2015 – Азербејџан, кои ќе настапат во три атлетски дисциплини, информираат од Општинскиот Сојуз на спортови.
Дрита Ислами, ќе настапи во категорија 400м. со пречки, Матеја Ефремовска во фрлање копје и кладиво и Марјан Нојковски во фрлање на ѓуле.
Очекуваме истите на игрите ги подобрат своите најдобри резултати или во најмала рака ги повторат истите, вели Бранко Колевски, претседател на АК Куманово.
Нашите атлетичари ќе се вратат на 24 овој месец по што ќе имаме подетални информации за постигнатите резултати. Очекувам нашите атлетичари достојно ја претставуваат нашата Општина и Република Македонија давајќи го својот максимум во остварување на позитивни резултати подобрувајќи ги своите сопствени рекорди, вели Колевски.