Момче (3) гениј, кој научил да чита на две години, стана најмладиот британски член на Менса.
Теди Хобс, кој е роден со ин витро оплодување, беше примен во оваа елитна организација на нежна возраст од четири години, откако резултатите од тестот за интелигенција беа 139.
Родителите велат дека Теди уште од мали нозе покажал мал интерес за телевизија и игри.
– Кога мојата пријателка беше на гости, таа буква по буква почна да го пишува зборот колач. Другите деца не разбраа за што се работи, но Теди сфати. Ништо не може да пропушти, слуша и следи се. Се сеќава за што разговаравме минатиот Божиќ“, вели Бет.
Кога неговите родители му купиле таблет, тој не го користел за игри, туку користел апликации за учење јазици.
– Со помош на апликации научи да брои до 100 на шест јазици. Меѓу нив е и мандаринскиот јазик – вели гордата мајка.
Mandarin fluent Teddy Hobbs becomes UK’s youngest Mensa member https://t.co/QYkkrandrm
— The Independent (@Independent) January 23, 2023
Иако се свесни за неговиот интелект, неговите родители велат дека не сакаат тој да се вообрази поради тоа и да развие комплекс на повисоки вредности.
– Неговите врсници читаат неколку зборови, а тој може да ја прочита книгата „Хари Потер“. Еднаш во градинка им кажав на воспитувачките дека мислам дека син ми знае да чита, но тие на почетокот не ми веруваа. Меѓутоа, по извесно време ми се јави наставничката и ми кажа дека сум во право – додала мајката.
За потсетување, тестот Менса се состои од два теста за интелигенција. Тестот може да го полагаат сите постари од десет и пол години, но при мерењето на резултатите се зема предвид и возраста на полагачот.