Три лица тешко повредени во сообраќајка во Липково

Сподели со своите пријатели

Три лица се здобиле со потешки повреди при судир на две возила на регионалниот патен правец Кумановов – Липково.

Loading...

– На 09.10.2022 во 22.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Општина Липково, атар на селото Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Б.М.(22) од село Оризари, општина Липково и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.М.(27) од село Отља, липковско, двете со кумановски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од возилото „ауди“, С.И.(21) од с.Липково, констатирани во Општата болница во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Со ребаланс на буџетот ќе исплатиме 13та пензија на пензионерите

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски