СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И. (23), Д.Р. (23) и Е.Б. (22), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „тешка кражба“.
Пријавените, во периодот од 23.12.2015 година до 13.01.2016 година, на подрачје на Куманово сториле седум тешки кражби од куќи и една тешка кражба од патничко возило, при што одземале апарати за домаќинство, разновиден алат и парични средства, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 429.600 денари.