Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „најверојатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела, пренесува Бета.
Loading...
„Можеби ќе се видиме следната недела“, рече тој за време на краткото обраќање пред новинарите во Овалната соба.
Трамп, исто така, повтори дека очекува да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
Вети дека ќе стави крај на војната во Украина
За време на кампањата, Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина веднаш по реизборот за претседател на САД, но никогаш не даде детали за својот мировен план.
Претседателот Зеленски рече дека е подготвен директно да разговара со Путин, во изјава што Кремљ ја отфрли како бесмислена.