Трамп: Русија немаше да ја нападне Украина ако сè уште беше дел од Г7

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија веројатно немаше да ја нападне Украина доколку таа сè уште беше членка на групата од седум најразвиени земји – Г7.

Loading...

На состанокот за Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи следната година во Соединетите Американски Држави, Трамп рече дека смета оти гласањето за излегување на Русија од Г7 било „многу глупава одлука“, објави „Си-Ен-Ен“.

– Тоа е група луѓе кои седат околу маса. Го направив тоа со нив многу пати и ќе ги запознаете. Да беше Г8, да беше Русија во неа, мислам дека веројатно немаше да ја имаме оваа смешна, смртоносна војна што се случува токму сега – рече Трамп, зборувајќи за војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Промените во германската влада не се важни за Русија

Тој додаде дека „не е добар тајминг“ да се дозволи Русија сега да се врати во групата на најразвиени земји.

– Ги исфрлија (од Г7) и поради тоа, можеби, умираат милиони луѓе. Ако седеше на маса со други луѓе, седум луѓе, кои би му се рамнеле и би рекле – „ајде да не го правиме ова“, мислам дека веројатно немаше да ги имаш проблемите што ги имаше – додаде Трамп.

Г7 е кратенка за Групата на седумте, организација на лидери од некои од најголемите економии во светот: Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.

Русија беше суспендирана на неодредено време од групата, тогаш позната како Г8, во 2014 година, откако повеќето земји-членки се собраа против нејзината анексија на Крим, првото кршење на границите на европска земја по Втората светска војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште еден американски авион заврши во Црвеното Море