Трамп: Не ја исклучуваме можноста за воена акција за окупирање на Гренланд

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во интервју за NBC изјави дека не ја исклучува можноста за воена акција со цел САД да го преземат Гренланд, остров богат со природни ресурси што ѝ припаѓа на Данска, но има широка автономија.

Loading...

„Не исклучувам ништо“, рече Трамп, а потоа додаде:

„Не велам дека ќе го направам тоа, но не исклучувам ништо. Ни треба Гренланд повеќе отколку што мислиш. Малкумина живеат таму, ние ќе се грижиме за нив, ќе ги цениме, сè тоа. Но, островот ни е потребен за меѓународна безбедност“, рече Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Не знам ништо за австралиските избори, но Албанезе е многу добар

Американскиот врв, предводен од Трамп, претходно во неколку наврати ја изрази желбата САД да го преземат Гренланд, или со сила или со економски притисок, и покрај фактот дека и Данска и локалните власти на Гренланд категорично ги отфрлија тие идеи, објави NBC.

Кога беше прашан за можен обид за анексија на Канада – идеја за која Трамп исто така зборуваше јавно, тврдејќи дека Канада би можела да стане 51-ва американска држава – Трамп рече дека не мисли оти тоа е веројатно.

„Не го гледам тоа со Канада. Морам да бидам искрен, едноставно не го гледам тоа“, одговори Трамп.