Доналд Трамп рече дека не чувствувал никаква загриженост кога бил информиран за пукањето за време на саботната вечера на дописниците во Белата куќа.
Во интервју за Си-Би-Ес во неделата навечер, тој рече дека манифестот на напаѓачот, кој го испратил до семејството пред инцидентот, укажувал дека тој е „ментално нестабилна личност“.
– Не бев загрижен. Свесен сум каков е животот – живееме во хаотичен свет – изјави Трамп во емисијата „60 минути“, ден по пукањето во хотел во Вашингтон.
Според американските медиуми, осомничениот е 31-годишниот Кол Томас Ален, кој е уапсен откако полицијата соопшти дека пукал во близина на безбедносен контролен пункт.
Се очекува тој да се појави пред судот.
Трамп се осврна и на реакцијата на првата дама Меланија Трамп, која седела до него во моментот на инцидентот.
Тој изјавил дека таа била една од првите што сфатила дека се работи за пукање, додека тој првично мислел дека е послужавник што паѓа.
Тој додаде дека изгледала потресено, но реагирала смирено и сталожено.
Зборувајќи за сопствената реакција, претседателот рече дека сака да види што се случува кога агентите на американската тајна служба почнаа да влегуваат во собата.
„Тогаш сфативме дека ситуацијата може да биде сериозна“, рече тој.
Во едно интервју Трамп ја критикуваше новинарката Нора О’Донел откако таа прочита дел од манифестот на напаѓачот, во кој беа упатени обвинувања против него.
Претседателот ги отфрли тие тврдења, нагласувајќи дека тие доаѓаат од, како што рече, „болен човек“.
На прашањето дали овој настан може да ги ублажи затегнатите односи со медиумите, Трамп одговори дека несогласувања се уште постојат.
Сепак, тој најави можност вечерата повторно да се одржи за еден месец, со уште построги безбедносни мерки.

