Трамп и Зеленски за денеска имаат закажно телефонски разговор

Сподели со своите пријатели

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се закажани за телефонски разговор, изјавија два добро информирани извори за Си-Ен-Ен.

Loading...

Тоа ќе биде нивен прв разговор откако Трамп ја напушти Белата куќа и доаѓа во време на загриженост во Европа за тоа каква ќе биде политиката на Трамп за војната во Украина доколку победи на претседателските избори во ноември, според американската телевизиска мрежа.

Изворите наведуваат дека веќе подолго време се водат дискусии за соодветно време за телефонски разговор меѓу Трамп и Зеленски.

Зеленски во четвртокот во ексклузивното интервју за Би-Би-Си рече дека ќе биде тешко да се соработува со Трамп доколку тој биде реизбран за претседател на САД, но нагласи дека е подготвен да соработува со кој и да стане претседател на САД.

Во врска со изјавата на кандидатот на Трамп за потпретседател Џеј-Ди Венс дека „нему не му е грижа што ќе се случи со Украина“, Зеленски рече дека можеби на Венс не му е грижа за Украина, но дека Киев мора да продолжи да соработува со Вашингтон.

Украинскиот претседател вчера учествуваше на состанокот на европската политичка заедница во Велика Британија, каде одржа говор, а претходно се сретна со британскиот премиер Кир Стармер, кој вети дека Велика Британија ќе и пружи помош на Украина се додека е потребно и вети помош од три милијарди фунти. Трамп повеќепати изјави дека може да ја реши украинската војна за еден ден, потсетува Си-Ен-Ен.

Во дебатата на Си-Ен-Ен минатиот месец со американскиот претседател Џозеф Бајден, Трамп рече дека условите на рускиот претседател Владимир Путин за мировен договор што ќе вклучи Украина да отстапи четири територии анектирани од Русија се „неприфатливи“.

За време на неговиот престој во САД минатата недела, Зеленски рече дека Бајден и Трамп се „многу различни“, но дека и двајцата ја поддржуваат демократијата.

Loading...

„Мислам дека Путин ќе ги мрази и двајцата“, рече Зеленски.