Тракторист удрил во малолетничка во липковско и избегал

Сподели со своите пријатели

Непознат возач на трактор вчера удрил и тешко повредил малолетно девојче во липковското село Ропаљце, по што избегал.

Loading...

– На 13.09.2023 во 19.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Ропаљце, општина Липково, трактор со приколка удрил во малолетничка од с.Ропаљце и го напуштил местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги