Губернаторот Јоханес Хан, кој очигледно е одговорно лице и единствен релевантен политички фактор во Македонија, која е класичен протекторат, денеска и официјално ни кажа дека ќе било предизвик да сме се справеле со мигрантската криза, која Европа ја префрла кај нас, реагира партијата – Трајно македонско радикално обединување на денешните изјави на еврокомесарот.
„Без да го каже името Македонија, ова лице ословувајќи не како вашата земја, безобразно ни најави дека Европа ќе ни даде помош за да се прават бегалски кампови, како и парични средства за останување на мигрантите во Македонија“, реагира ТМРО и ја повика македонската влада веднаш да почне со поставување ограда на потегот од Дојран до Гевгелија. „Во спротивно владата ризикува да ја сноси историската одговорност за губењето на македонскиот карактер на оваа земја“, соопшти ТМРО.