Кумановскиот бенд „The Solution“ вчеравечер настапи на реномираниот музички фестивал „Макфест“ со песната „Ти и јас“.
Loading...
Бендот успеа да се пласира меѓу најдобрите пет од првата фестивалска вечер и ќе настапат уште еднаш вечерва во големото финале.
Освен „The Solution“, во големо финале се пласираа и Сања Тодоровиќ со „Јас сум виновна“, Мирјана Митрева со „Плачев во себе“, Тамара Волческа со „Кажи ми да знам“ и Калина и Александар со „Да не те познавав“.
Станува збор за 39то издание на реномираниот „Макфест“ кој се одржува во Штип.
Како звучеа „The Solution“ може да слушнете во продолжение: