Тешка сообраќајка во Куманово, четворица повредени

Сподели со своите пријатели

Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава на регионалниот пат Куманово – Липоково.

Loading...

Според информациите од полицијата во несреќата учествувале три автомобили БМВ, Опел Астра и комбе Фолцсваген сите со кумановски регистерски таблички.

Со тешки повреди се здобил возачот на БМВ-то, 32-годишниот Б.Ф., додека полесно повреден е неговиот сопатник Б.А. (46). Астрата ја управувал 26-годишниот С.Ц., а комбето 33-годишниот Н.П. кој не се пожалил на повреди, додека неговиот сопатник Б.Т. (38) се здобил со полесни повреди.

Повредените се пренесени во Здравствениот дом во Куманово, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.

фото: бриф.мк

Leave a Reply