Претставата на Кумановскиот театар „Прво лице еднина“ вчеравечер настапи на Интернационалниот камерен театарски фестивал во Германија, кој од први до шести октомври се одржува во Хановер.
Претставата е во режија на Драгана Гунин, а игра актерката Владанка Крстевски.
– Околу нас има многу жени кои секојдневно се борат и работат по 12 часа дневно. Жртвуваат се за своите семејства, за своите деца, за да обезбедат подобар живот, а никој не зборува за нив. Ова е претстава во која зборуваме токму за тие жени. Ние денеска сме ќерки, а утре ќе бидеме мајки и сакаме да имаме поддршка, бидејќи не знаеме кај ќе не однесе животот. Инспирацијата за мојот текст е од книгата „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“, во која се зборува за жени кои направиле многу за сите нас, но останале на маргините на општеството, – раскажува младата актерка Владанка Крстевски, пренесува Кумановски театар.
Претставата премиерно беше изведена во 2019-та година. „Прво лице еднина“ зборува за животната борба, не само на жената како движечка сила во едно општество, туку генерално на секој човек колку треба да се бори за да ги постигне овие цели.
Во монодрамата, Владанка Крстевски создава цела серија женски портрети на сцена.
Никола Ивановски