Театар Куманово ја доби наградата за најдобра претстава на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово ја доби наградата за најдобра претстава на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

Стручното жири на фестивалот во состав од: Магдалена Ризова Черних (актерка) и членови на жирито: Драгана Таневска (режисерка), Илија Струмениковски (актер), Петар Андоновски (писател), и Крсто Богојевски (сценограф) донесе одлука кумановската претстава „Секс и лаги“ да ја прогласи за најдобра од сите 12 кои беа одиграни на фестивалот.

Наградата за најдобра актерка ја доби Горица Поповиќ од Атеље 212 – Белград за улогата на Флоренс Фостер Џенкинс во претставата „Славна Флоренс“.

Најдобар актер е Димитар Ѓорѓиевски за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“  на Театар Прилеп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Илина Ангеловска ја освои наградата за најдобра сценографија во претставата  „Да инспекторе, претстава со грешки“  на Театар Прилеп.

Најдобра костимографија е на Кирил Наумов за претставата „Службогонци“ на Драматичен Театар од Ловеч, Република Бугарија;

Наградата за најдобра режија замина во рацете на Коле Ангеловски за режија за претставата „Паника во хотел Палас“ на Театар Струмица.

Образложенијата за одлуките ќе бидат објавени дополнително и при доделување на наградите на ансамблите и на добитниците на наградите, информираат од советот на фестивалот од каде упатуваат честитки до наградените.

Loading...

Никола Ивановски