Театар Куманово ги собра наградите на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Театар Куманово освои три награди на „Денови на комедија“ со претставата „Како што сакате“ со која вчеравечер беше затворен фестивалот.

Loading...

Актерот Марко Трајковиќ ја освои наградата за најдобра споредна машка улога во претставата „Како што сакате“, а за истата претстава Марија Ветерова освои награда за најдобра сценографија, додека за најдобра костимографија наградата оди во рацете на Лидија Георгиева.

 

 

За најдобра претстава сепак беше прогласена претставата „Пар – непар“ на Театар комедија од Скопје.

Меѓу наградените се и Фаик Мефаиловски за најдобра машка улога во претставата „Вечера за глупаци“ на Театар Велес, за најдобра главна женска улога Марија Минчева Андонов за претствата „Женидба“ на Театар Штип.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со нож избодени малолетници кои питачеле во Куманово

Награда за најдобра споредна женска улога освои Марија Новак за претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Театар Охрид;

Loading...

Најдобра режија имаше Куштрим Бектеши за претставата „Итроштините на Патук“ од Театар Тетово.

Жири комисијата во состав Александар Ивановски (претседател), Катерина Момева, Петар Андоновски, Ева Камчевска и Стефан Јакимовски донесе следниве одлуки за награди на 27 издание на МТФ Денови на комедија Куманово.

Вечерва е закажана првата реприза за кумановската претстава, а пред да започне истата ќе бидат врачени наградите.

Никола Ивановски