СЗО: Повеќе од 100 пациенти утре ќе бидат евакуирани од Газа

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 100 пациенти, меѓу кои и деца кои страдаат од траума и хронични заболувања, утре ќе бидат евакуирани од Газа, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација за окупираната палестинска територија, Рик Пеперкорн.

Loading...

„Ова се ад хок мерки. Она што цело време баравме е воспоставување постојана медицинска евакуација од Газа“, рече Пеперкорн, додавајќи дека 12.000 луѓе чекаат да бидат евакуирани.

Пациентите утре во голем конвој ќе патуваат преку преминот Керем Шалом со Израел, пред да заминат за Обединетите Арапски Емирати, а потоа дел од нив ќе го продолжат патувањето за Романија.