Светски ден на аутизмот: Се почест во зрела возраст, препознајте ги симптомите

Сподели со своите пријатели

Иако аутизмот првенствено се открива во првите неколку години од животот, во последно време се почесто може да се слушне за случаи на аутизам кај возрасните.

Loading...

Многу луѓе живеат со години, па и децении, без дијагноза, што може значително да го попречи нивното секојдневно функционирање, како и комуникацијата со околината.

Постојат одредени знаци кои можат да кажат дали возрасен има аутизам.

Вообичаени знаци на аутизам кај возрасните вклучуваат:

– потешкотии во разбирањето што мислат или чувствуваат другите;

– чувство на вознемиреност поради социјални ситуации;

– тешкотии со стекнување пријатели или поминување време сами;

– тешко изразување на чувствата

Loading...

– преземање на работите премногу лично;

– потреба од иста рутина секој ден;

– избегнување контакт со очите;

– забележување детали, обрасци, мириси или звуци кои другите не ги забележуваат;

– чувствителност на силна светлина или бучава.

Иако ниту еден од овие симптоми не треба да значи дека личноста е во спектарот на аутизам, експертите предупредуваат дека ова се најчестите знаци дека може да се работи за аутизам кај возрасните, пренесува Index.hr.