Светот во 2020: САД ја изгубија битката со коронавирусот

Сподели со своите пријатели

За САД и за светот, 2020 година почна со тресок – атентатот со прецизно наведена американска ракета врз иранскиот генерал Касем Сулејмани на 3 јануари во близина на аеродромот во Багдад.

Loading...

Сулејмани, генерал мајор од елитната единица Корпус на стражите на исламската револуција, играше клучна улога во дестабилизација на регионот и координираше напади врз американски објекти, од Саудиска Арабија и Обеднинети Арапски Емирати, до Ирак и Сирија. Тензиите, меѓу старите непријатели, Техеран и Вашингтон, надминаа критична точка. Се навестуваше регионална војна.

Неколку денови подоцна Иран се одмази со серија ракетни удари врз бази на САД во Ирак, повредени беа стотина американски војници. Убиството ги зголеми стравувањата за прекин на испораките на нафта од регионот доколку избие конфликт и економска криза. Светот беше во исчекување, но ниту во најлудите сништа никој не можеше да претпостави што носи непосредната иднина.

Наместо војна на Блискиот исток, САД добија друга војна, онаа со „невидливиот непријател“ дома. Актуелното раководство на земјата, не ја прими сериознозаканата од  епидемијата на новиот коронавирус, што во јануари и фебруари лесно се прошири од Кина во Западна Европа.

Првите случаи на заразата, се манифестира со туберкулозни симптоми во дишните патишта и белите дробови (подоцна означено со името „Ковид-19“), во САД се појавија на западното крајбржје, во соујзните држави Вашингтон и Калифорнија.

Крајно пренослива за ранливите групи како луѓето во поодмината возраст или оние со хронична заболувања, заразата јпрво ги нападна старечките домови, болниците и американските гета на сиромашни и бездомни. Болеста беше реална, но администрацијата на претседателот Диналд Трамп, (кој од јануари до март неколкупати повторуваше дека е грип и „ќе помине со доаѓањето на пролетта“), беше глува и слепа на тоа.

Се чиниеше дека сѐ до почетокот на летото, официјален Вашингтон живееше во меур, во некој свој „вондерленд“ позади „капиатал белтвеј“, како што во Конгресот вчера се изрази еден демократски законодавец по повод гласањето за зголемени директни исплати за Американците поради кризата.

Како во март и април болеста се ширеше експоненцијално, од илјада до десетици илајди до стотици илјади заразени, предупредувањата на здравствени експерти за преземање итни мерки за спречување на нејзиното ширење, и за тоа дека САД се соочени со пандемија стануваа сѐ погласни.

Loading...

Ново жариште во април стана Њујорк, откако заразата се пренесе од Западна Европа. Њујорк стана прв американски мегаполис настрадан од пандемијата. Градот остана во карантин речиси два месеца. Морничавите сцени на опустошен Тајмс сквер ќе останат врежани во колективната мамерија на САД засекогаш.

Откако карантините беа укинати при крајот на мај и во јуни, бројките на нови заразени се зголемија во сојузните држави како Џорџија, Флорида и Тексас. Кластери се појавуваа насекаде: по старечките домови, капацитети за произодство на храна, диско клубови каде не се почитуваа протоколите за физичка дистанца и носење маски. Во повеќе училишта, откако некои држави како Џорџија во септемви наредија почеток на нормална училишна настава, за потоа да ги отповикуваат тие наредби и да се воведе учење од далечина насекаде; но и во гратчињата во американката провинција населени со ранливи категории како домородните Американци.

Во 2020 година коронавирусот целосно го смени начинот на живот и функционирање на Америка.

Ентони Фаучи, главниот инфектолог од државните Центари за контрола на заболувањата (ЦДЦ), кој после Трамп, годинава беше најчесто интервјирано лице во САД, стана неформален „татко на нацијата“, и ја водеше, и се уште ја води земјата низ битките со вирусот, преку еден вид на нему својствен психолошки израз и реторика. Неминовноста на коронавирусот ја запре економијата: затворени ресторани, пропуштена училишна година за децата, полупразни аеродроми, пусти стадиони и кино сали, опустошени центри на мегаполисите, откажани концерти и важни спортски натревари и лиги…

Кога претседателот Трамп, и неговиот потретседател, Мајк Пенс, летоска, зафатени со предизбоорна кампања, признаа дека носењето маски е обврзно, веќе беше доцна. Бројките беа неумоливи, уште од пролетта, во текот на целиот летен период и есента, САД од сите други земји најмногу настрадаа од пандемијата. Од нејзиниот почеток во март до денес, Ковид-19 ги одзеде животите на над 330.000 Американци.

Земјава постојано урива рекорди. Во последното деноноќие бројот на нови инфекции се зголеми до 178.311, а вкупниот број на заразени е речиси 19 милиони луѓе.

-Расчекорите и некоординацијата во дејствијата на разчличните сојузни држави и отсуството на единствен приод кон борбата со коронавирусот станаа причина САД да настрадаат многу повеѓе од сите други земји, изјави неделава Фаучи за Си-Ен-Ен.

Тој истакна дека пандемијата не познава граници меѓу државите, и затоа требаше да има одредена последователност во преземените мерки. Според него, САД се судрија со значајни отстапувања во дејствата на некои држави и отсуство на усогласен пристап кон запирање на ширењето на вирусот.

Loading...

-Имаше многу факори што придонесоа САД да станат најпогодена земја во светот, за огромна жал за сите нас. Сметам дека разликите во пристапот на преземените акции на државите е најслабата точка во нашата борба со пандмемијата, изјави Фаучи.

Според него, политизацијата на антивирусните мерки, како носење маски, исто така влијаело негативно во справувањето со пандемијата.

После главните празници Денот на благодарноста и Божиќ, во САД се одбележува и Нова година. Фаучи оценува дека во текот на празниците ситуацијата со коронавирусот може драстично да се влоши.

-По сѐ изгледа ние ќе се судриме со постсезонски изблик, мислам после Божиќ и после Нова година. Или како што јас велам, изблик после изблик.

Досегашната статистика укажува дека моментално на секои 17 Американци, еден е заразен, додека на секои 1.000 еден е умрен. Бројот на хоспитализации е над 120.000, според „Ковид тракинг проџект“. Со тоа што меѓу 23 и 26 декември патувале речиси четири милиони лица, повеќе од двојно помалку од истиот пероид лани, а дополнителен број ќе патуваат и за Нова година, најлошото за САД штотуку претстои.

Според Фаучи, земјата се наоѓа на „критична точка“ во борбата со болеста.

Тој истакна дека за постигнување на популациски имунитет, неопходно е барем 80 до 85 проценти од населението да биде отпорно на вирусот. Со оглед на тоа што вакцинацијата против коронавируст само што почна, според него, тоа би можело да се случи најрано во јуни 2021 година.

Борис Камчев

Loading...

Leave a Reply