Светот денес и утре ги слави Денот на победата и Денот на Европа

Сподели со своите пријатели

Денес, 8 мај, Денот на победата над фашизмот се слави во Европа во спомен на денот во 1945 година кога стапи на сила безусловната капитулација на Германија во Втората светска војна.

Loading...

Капитулацијата на Германија стапи на сила на 8 мај 1945 година во 23:01 часот, кое веќе беше 9 мај според московско време, па Русија, но и други земји, официјално го слават Денот на победата на 9 мај.

На тој ден, 9 мај, во Европа се слави Денот на Европа, во спомен на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман од 1950 година, што се смета за прв официјален чекор во создавањето на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради борбени дејства авионот на Вучиќ мораше да слета во Баку

Оваа година се одбележува 80-годишнината од крајот на Втората светска војна и 75-годишнината од покренувањето на иницијативата за создавање на денешната Европска Унија.

Во земјите од ЕУ, Денот на Европа има посебно значење како ден што означи пресвртница во односите меѓу европските земји и го отвори патот за создавање заедница на држави на тој континент.

Во Русија, фокусот е на прославата на Денот на победата во Втората светска војна, а централниот настан оваа година е воената парада на Црвениот плоштад во Москва, пренесува Бета.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, како и претседателите на земјите традиционално сојузнички со Русија, како што се Казахстан, Белорусија, Ерменија, Азербејџан, Куба и Венецуела, ќе бидат меѓу 20-те најавени водачи на парадата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку ќе чини воената парада во Москва? Војска, авиони, трошоци за подготовка...

Поради руската агресија врз Украина, лидерите на ЕУ ја бојкотираат прославата, со исклучок на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Loading...

Српскиот претседател Александар Вучиќ единствен дојде од регионот на прославата по повод Денот на победата во Москва, и покрај критиките од Брисел, а Милорад Додик, претседателот на еден ентитет на БиХ, Република Српска, го најави своето присуство.