Судир на возови во Данска: Се судрија директно еден во друг!

Сподели со своите пријатели

Два воза се судрија во Данска во четврток, при што беа повредени неколку лица, изјавија локалните служби за итни случаи за REUters.

Инцидентот се случил во близина на Хилерод, северно од Копенхаген.

„Има два локални воза кои се судрија челно“, изјави портпаролот на Противпожарната служба на Голем Копенхаген.

„Меѓу патниците има повредени. Сите излегоа од возовите, па никој не е заробен… Големи ресурси се испратени на местото на настанот“, додаде портпаролот.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Резервоар со 300.000 литри течност експлодираше во фабрика во САД, има жртви