Судиите и обвинителите ќе добијат 35% повисоки плати

Сподели со своите пријатели

Судиите и обвинителите во Република Македонија ќе добијат 35% повисока плата, па така просечната плата на судиите која сега изнесува илјада евра, ќе скокне на околу 1.400, додека обвинителите ќе добијат нешто помалку.

Ваквата одлука предизборно ја донесе Владата, како резултат на барањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски со образложение дека заслужуваат еднакви плати со обвинителите на СЈО.

Судската администрација иако бараше покачување сепак ќе мора да се задоволи со 400-те евра кои моментално ги зема, бидејќи ваквата одлука не ги опфаќа нив, па затоа најавија дека ќе се кренат на штрајк.

 

Loading...