Суд во САД: Слоновите не се луѓе

Сподели со своите пријатели

Врховниот суд во Колорадо одлучи дека слоновите Миси, Кимба, Лаки, Лулу и Џамбо, сместени во планинската зоолошка градина во Шајен, немаат право на „habeas corpus“, правен концепт кој ги штити луѓето од незаконски притвор и гарантира лична слобода од самоволието на извршната власт.

Habeas corpus не се однесува на животните „без разлика колку се когнитивно, психолошки или социјално софистицирани“, се наведува во судската одлука.

Проектот за нечовечки права (НРП), кој ја покрена постапката, објави дека пресудата „овековечува јасна неправда“.

Групата тврдеше дека слоновите, родени во дивината на Африка, имаат право на слобода бидејќи се автономни, високо когнитивно и социјално сложени суштества.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин Ле Пен: Ќе се кандидирам за претседателка на Франција во 2027 година ако судот дозволи

НРП сакаше животните да бидат пуштени во засолниште за слонови во САД.

Зоолошката градина ги отфрли сите сугестии дека слоновите „добиваат се освен извонредна грижа“, се додава во судската одлука.